речник контакт

Тајната остана чии се коските?

Полицијата без желба да ја реши мистеријата. Наполнети биле четири вреќи со коски, пронајден и череп

Петар Печков

Останува тајна чии се коските кои беа пронајдени во Малиот парк кај Ликовниот салон. Во саботата нив ги пронашле вработените од градежна фирма која врши реконструкција на просторот. Сакајќи да се заталка случајот тие иако имаат законска обврска, не го пријавиле во полиција. Откако ТРМР го обелодени настанот, по кажувањата на сведоците, полицијата во понеделникот била  на терен и според портпаролот Анита Стојковска разговарала со градежниците. Тие негирале дека нашле коски.  ( Може некој очекуваше дека ќе признаат, оти и сами веќе во разговор со  присутните луѓе  најавиле дека ќе го сокријат настанот). 

Полицијата била ама  не се  распрашала и во соседството, кај сведоците на настанот, кој  потврдуваат  дека коски биле најдени.  Cведоците и целото маало  околу паркот ја потврдуваат веродостојноста. Во саботата биле  пронајдени коски, дури прецизно и череп од човек, со што се расчистува дилемата дали се од животинско или човечко потекло. Потоа купиле  четири црни вреќи  од блискиот дуќан и ги закопале повторно. Причина која тие ја споменале, на предупредувањето дека треба да пријават, одговорот бил дека ќе се закочи изведбата на паркот и рокот ќе се пробие.

Така ниту инспекторите од СВР Велес  покажале желба случајот да се расчисти, ниту градежниците ја почитувале законската постапка па ќе остане тајната чии беа коските  пронајдени во  овој парк.  Во меѓувреме ТРМР доби и други информации  за минатото на овој простор. Поточно на соседството, куќите од  левата страна на улицата Алексо Демниевски  Бауман, чии сопственици тврдат дека кога се копале темелите за нивните домови пронајдени биле  бројни коски. Нивното истражување било дека тука некаде кон крајот на 19-тиот век биле  муслимански гробишта. Дали и овие коски се дел од тие гробишта?  Прашање без  одговор.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »